Достапни линкови

Уапсен последниот осомничен за нападот во метрото во Токио


Токио.

Токио.

Јапонската полиција го уапсила последниот осомничен за нападот со смртоносен гас во метрото во Токио пред 17 години. Новинските агенции јавуваат дека осомничениот 54-годишен Кацуја Такахаши, кој досега бегаше од правдата, бил уапсен во Токио еден час откако бил забележан во едно кафуле. Такахаши, кој е поранешен член на култот Аум Шинрикио, се наоѓаше на листата на најбарани криминалци во Јапонија за неговата улога во нападот во кој загинаа 13 луѓе, а повеќе од 6.000 беа повредени.
XS
SM
MD
LG