Достапни линкови

Ирска е првата земја што остана без шанси за продолжување


Ирски и хрватски навивачи се шегуваат во Познањ во пресрет на мечот Хрватска-Ирска на 10 јуни 2012 година.
Ирски и хрватски навивачи се шегуваат во Познањ во пресрет на мечот Хрватска-Ирска на 10 јуни 2012 година.

По поразот од Шпанија, Ирска стана првата репрезентација што ги изгуби шансите за понатамошен пласман на ЕП во фудбал што се одржува во Полска и во Украина.

Ирска е првата репрезентација што ги изгуби шансите за понатамошен пласман на ЕП во фудбал што се одржува во Полска и во Украина. Ирците синоќа во Гдањск изгубија од Шпанија со 4-0. Тоа е нивен втор пораз во групата по оној од Хрватска во првото коло. Претходно во групата Ц, Хрватска и Италија играа нерешено 1-1. Во пресрет на последното трето коло во групата, Шпанија и Хрватска имаат по 4 бодови, Италија има два, а Ирска е без бодови. Во последното коло играат Ирска-Италија и Хрватска-Шпанија.

Денеска се играат натпреварите од вториот круг во групата Д. Украина игра со Франција, а Англија со Шведска. Украина во првото коло ја победи Шведска со 2-1 па сега има три бода, а Англија и Франција кои во првото коло изиграа нерешено 1-1 имаат по еден бод. Шведска засега е без бодови.
XS
SM
MD
LG