Достапни линкови

logo-print

Одбиено барањето на Асанж за стопирање на екстрадиција


Џулијан Асанж

Џулијан Асанж

Британскиот врховен суд соопшти дека го одбил барањето на основачот на интернет порталот „Викиликс“ Џулијан Асанж за стопирање на неговата екстрадиција во Шведска, каде е соочен со обвиненија за силување. Со ваквата ослука завршува правната битка на Асанж во британските судови. Првото барање на адвокатите на обвинетиот беше одбиено пред две недели, по што повторно беше побарано од судот да се стопира барањето за екстрадиција. Асанж сепак е во можност да го префрли случајот во Европскиот суд за човекови права, што би го забавило процесот на екстрадиција. Инаку, интернет порталот „Викиликс“ објави тајни дописи и документи на американската влада.
XS
SM
MD
LG