Достапни линкови

Фестивал на креативен документарен филм МАКЕДОКС


Мириам Макеба - Мама Африка.

Мириам Макеба - Мама Африка.

Утревечер од 21 часот, во Куршумли ан , ќе започне третото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МАКЕДОКС.

„Започнува нов живот, слоевит“ е мотото на годинашново трето издание на интернационалниот Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс. Организаторите на ова случување најавуваат дека токму слоевитоста на документарните теми ќе биде прикажана преку петте програмски целини: главна програма, нови автори, балкански документарци, краткометражни документарни филмови и програма за деца и за млади.
Во главната програма имаме дела на големи режисери како што се Патрицио Гузман, Мика Каурисмаки итн., значи големи режисери во документарниот свет коишто направиле големи филмови во смисла на филозофијата на тоа што всушност денес се случува во светот.

Селекторката на програмата Петра Селишкар вели дека филмовите што ќе бидат прикажани отвораат повеќе слоеви на моменталната состојба на планетата Кромид, дека го прикажуваат слоевитиот живот во Африка, Азија, Јужна Америка... и дека притоа се решиле во фокусот да ги стават балканските документарни филмови.

„Во главната програма имаме дела на големи режисери како што се Патрицио Гузман, Мика Каурисмаки итн., значи големи режисери во документарниот свет коишто направиле големи филмови во смисла на филозофијата на тоа што всушност денес се случува во светот.“
Документаристиката треба да оди кај луѓето и да ги допре, да им се обрати на оние на коишто им е наменета.

Поделени во три натпреварувачки категории, 62-та селектирани документарни филма, ќе бидат оценети и наградени од пет различни жириа во кои се автори и уметници како Киерон Корлес, Ханка Кастеликова, Хорге Коира, Ханс Ото Николајсен, Лили Недиќ, Сезгин Турку, Рохир Дикман и други. Официјални награди на МакеДокс се Кромид за најдобар филм во меѓународна натпреварувачка програма, Млад кромид за филм на нов автор и Кокарче – за најдобар филм за деца и млади. Наедно планирано е да се доделат и две специјални награди – Награда за филм со најдобра презентација на Човекови права и Награда за филм за најдобри Етички идеи.

На фестивалот, покрај четирите работилници и дискусиите под смоква, ќе биде претставено и дел од творештвото на великанот на македонската фотографија и кинематографија Благоја Дрнков, и на двајца наши современи автори-документаристи Томислав Георгиев и Огнен Теофиловски, со избор на нивни остварувања настанати помеѓу двете изданија на манифестацијата.

Инаку, во текот на мај, во Кинотеката на Македонија, програмата за деца и млади, организирана во соработка со општините Центар, Карпош и Аеродром, ја посетија над 2.600 ученици од основните училишта, а МакеДокс и годинава ќе го продолжи своето патување и кино-карванот во август ќе ја посети Малешевијата, се со идеја да ги децентрализира културните случувања.

„Документаристиката треба да оди кај луѓето и да ги допре, да им се обрати на оние на коишто им е наменета, така што минатите години патувавме низ Витолиште, Кочани, Штип, Вевчани, Кавадарци, многу места, некаде 15-тина места низ цела Македонија. Оваа година ќе одиме низ десет малешевски села, на една историско-документаристичка прошетка низ Малешевијата“, истакнува Киријана А. Николовска, директорка на МакеДокс.
XS
SM
MD
LG