Достапни линкови

Грузискиот опозициски лидер одбива да плати милионска казна


Бидзина Иванишвили

Бидзина Иванишвили

Лидерот на грузиската опозиција, милијардерот Бидзина Иванишвили изјави дека нема намера да ја плати мулти милионската казна која му ја препиша судот во Тбилиси. Иванишвили рече дека судската одлука е апсурдна, додека неговиот адвокат смета дека станува збор за неправедна постапка која сега е обжалена. Опозиционерот беше казнет со 90 милиони американски долари откако судот одлучи дека милијардерот го прекршил грузискиот изборен закон.
XS
SM
MD
LG