Достапни линкови

logo-print

Николиќ во Брисел: Србија никогаш нема да го признае Косово


Томислав Николиќ и Кетрин Ештон

Томислав Николиќ и Кетрин Ештон

Новиот српски претседател Томислав Николиќ денеска од Брисел изјави дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. По средбата со високиот преставник за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон, за време на својата прва официјална посета на Брисел, Николиќ уште еднаш посочи дека иднината на Србија е во Европската унија. Лидерот дополни дека членството не може да биде условувано со признавање на новата држава, бидејќи според него: „Србија никогаш нема да го признае Косово“.
XS
SM
MD
LG