Достапни линкови

logo-print

Помало задолжување кај „Дојче Банк“


Владата ќе оди со помало задолжување кај Дојче банк наместо најавеното од 250 милиони евра. Вицепремиерот и министер за финансии денеска најави дека задолжувањето ќе биде 75 милиони и оти во текот на годината се остава можност зависно од условите на пазарот да се види дали ќе се оди со дополнително задолжување. „ Со оглед на тоа дека во последните 30 дена има влошување на состојбите на пазарот на капитал во Европа поради неизвесноста со изборите во Грција и состојбите во Шпанија и Италија, најверојатно ќе одиме на опција на помало задолжување од иницијално предвиденото“ рече министерот Зоран Ставрески.
XS
SM
MD
LG