Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - Затворена А2, договорена декриминализација


Macedonia - A2 TV logo - N/A

Macedonia - A2 TV logo - N/A

Наместо да прават вести, медиумите повторно се вест. Затворањето на А2 и декриминализацијата на клеветата - главни теми во медиумите.

„Груевци не додржаа - власта ја затвори и А2 Телевизија“ - објавува дневниот Фокус на насловната. Оваа вест ја објавуваат и Утрински: „Советот за радиодифузија и ја одзеде дозволата на ТВ А2“ и Ден: „А2 со одземена дозвола, се сели на Либертас“.
Груевци не додржаа - власта ја затвори и А2 Телевизија.

Работната група за декриминализација на клевета.

Работната група за декриминализација на клевета.

И уште една вест привлекува внимание: чудото во Св. Димитрија кога нејзините фрески пред Велигден сами се чистеа - го снема. Дневниот Фокус со потсмев пишува: „Преродбениците штедат каде што не треба - им снемало 1000 евра за да го откријат ’чудото‘ во Св. Димитрија“, а Ден насловува: “Црковното чудо прогласи банкрот“.
Партите фрлија половина милион евра една година пред локалните избори.

„Лоша вест за медиумите“, ја коментира Дневник објавата за постигнатиот договор помеѓу Здружението на новинарите и Владата за клеветата. Дневник заклучува дека нешто за што со месеци се преговараше, па потоа со недели ништо не се правеше, стана толку ургентно за да не се консултира новинарскиот еснаф. Ќе се случи самоцензура на новинарите за 2.000 евра казна за наводна клевета зашто имаат само 200 до 300 евра плата, забележува весникот.

Дневниот Фокус смета дека „Власта ги превесла новинарите за клеветата“.

„Партите фрлија половина милион евра една година пред локалните избори“, предупредува Дневник, кој додава дека еден митинг на СДСМ чини и до 10 илјади евра, а трибина на ВМРО-ДПМНЕ 1500 евра, но затоа владејачката партија троши месечно повеќе од 50 илјади евра за реклами во медиумите, а СДСМ само 5 илјади.

И Утрински објавува дека „Политичката кампања расте со УВ-индексот“, забележувајќи дека 9 месеци пред локалните избори на јавноста и се сервирани две стратегии - митингашка на СДСМ и роуд-шоу по затворените фабрики на ВМРО-ДПМНЕ.

Вечер пишува за „Уште едно предизборно фијаско на СДСМ на митингот во Велес“, каде што според негова проценка присуствувале само 2 илјади велешани.

Дневник, во различни денови објавува две контрадикторни вести: Присуството на Груевски и на речиси целата Влада на прославата на 10-годишнината на ДУИ за експертите било порака до Црвенковски: „Не чепкај ми ја коалицијата со Ахмети“. Од друга страна, ден пред тоа, Дневник од свои владини извори дознава дека Ахмети го притискал Груевски употребата на албанскиот јазик да се прошири на цела територија на Македонија што би се направило со познатата метода употребена со Законот за амнестија, со пошироко толкување на веќе постојниот Закон за употреба на јазиците на етничките заедници.

Вечер, пак, објавува дека Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите му се налутил на претседателот Иванов што не присуствувал на инаугурацијата на новиот српски претседател и дека оваа партија ги замрзнала односите со претседателот на државата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG