Достапни линкови

Хејг и Салехи се сретнаа во Кабул


Вилјам Хејг

Вилјам Хејг

Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг се сретна со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи, што претставува прва средба на високо ниво по ланскиот напад на британската амбасада во Техеран. Двајцата се сретнаа на маргините на конференција во Кабул посветена на ситуацијата во Авганистан. Хејг и Салехи разговарале за обновување на дипломатските односи меѓу Лондон и Техеран, откако британската влада ги повлече дипломатите од Исламската република. Наводно станало збор и за претстојните разговори меѓу Иран и шестте светски сили за нуклеарната програма на официјален Техеран.
XS
SM
MD
LG