Достапни линкови

logo-print

Затворски казни за доктори во Бахрeин


Апелациониот суд во Бахреин им одреди затворски казни на деветмина медицински работници поради учество во анти-владини протести. Еден од обвинетите доби петгодишна затворска казна, друг е осуден на три години, додека седуммина ќе отслужуваат казни во времетраење од еден месец до една година.Двајца обвинети не се појавија пред судот. Осудените се дел од групата дваесетмина доктори и медицински сестри од медицинскиот комплекс во Манама, во кој во 2011 година упаднаа безбедносните сили за време на антивладините протести.
XS
SM
MD
LG