Достапни линкови

logo-print

Азербејџански фотограф ослободен од затвор


 Мехман Хусејнов

Мехман Хусејнов

Азербејџански про-демократски фотограф и блогер беше ослободен од затвор денеска, еден ден по неговото апсење, но против него се покренати нови обвиненија. Мехман Хусејнов, кој работи за Институтот за слобода и безбедност на репортерите, изјави дека по неговото ослободување бил обвинет за напад врз полициски службеници на протест во Баку за време на изборот на песна на Евровизија. Доколку е прогласен за виновен фоторепортерот може да добие петгодишна затворска казна.
XS
SM
MD
LG