Достапни линкови

Започнаа уписите во средно


Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје.
Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје.

Една третина од местата се за гимназиско образование, а останатите во стручните и уметнички училишта.

Во средните училишта започна пријавувањето на ученици во јунскиот уписен рок за учебната 2012-2013 година. Според конкурсот, има 34.791 слободно место, од кои 11.529 во гимназиско образование, 22.582 во стручните училишта, а во средните уметнички училишта има 408 слободни места за запишување во прва година. Некои од родителите кои ги сретнавме пред гимназијата Јосип Броз Тито велат дека ги оставиле нивните деца сами да одлучат каде ќе го продолжат образованието и ја поддржале нивната одлука. Но за некои од нив бил важен изборот на училиштето и квалитетот на наставата која ја нуди.
Заради квалитетот на школувањето што се нуди овде. Токму затоа што има конкуренција, тоа ме радува и тоа го сакаме, затоа што ќе ја поттикне да учи зашто практично ова сега е основата.
Анкетиран родител.

„Треба таа сама да си одбере образование, сама правилно да се насочи.“

„Јас не го одбрав, ќерка ми самата си го одбра.“

„Секогаш се внимава, а Јосип Броз е меѓу најдобрите и затоа.“

„Заради квалитетот на школувањето што се нуди овде. Токму затоа што има конкуренција, тоа ме радува и тоа го сакаме, затоа што ќе ја поттикне да учи зашто практично ова сега е основата.“

Поголемиот дел од полуматурантите велат дека го избрале тоа училиште затоа што им се допаѓа, но и поради неговото реноме.
Мислам дека подобро е гимназија од стручно затоа што после ќе може да се запишам на кој било факултет.
Анкетиран ученик.

„Желбата ми беше пред се школото, а потоа и друштвото.“

„Мислам дека е второ најдобро школо во Скопје и затоа.“

„Сум слушнала дека тука се запишуваат деца со одличен успех и на крај стануваат високи личности на високо ниво и едноставно ми се допаѓа.“

Но тие размислувале и за нивната иднина, односно влијание на нивната одлука во изборот на средното образование имало и тоа каде планираат понатаму да се запишат на факултет.

„Мислам дека подобро е гимназија од стручно затоа што после ќе може да се запишам на кој било факултет.“

„Не отидов во стручно училиште затоа што уште не сум одлучил што ќе студирам и затоа.“

„Мислам дека јазично нешто ќе изберам.“

„Се уште не знам, затоа избрав гимназија, а ќе се одлучам подоцна, во четврта година.“

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Второто пријавување ќе се врши на 27 и 28 јуни. Во училиштата каде нема да биде пополнет бројот на слободни места запишувањето ќе трае до 31 август.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG