Достапни линкови

logo-print

Во Кабул меѓународна конференција за стабилност на Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска во Кабул ја отвори еднодневната меѓународна конференција за стабилност и економски развој во Авганистан. Карзаи побара зајакнување на соработката меѓу Авганистан и регионалните соседи, оценувајки дека тоа ќе донесе економски прогрес и ослободување од тероризмот, радикализмот и насилствата. На конференцијата учествуваат 30-тина земји и меѓународни организации, меѓу кои и претставници на НАТО, Европската Унија и Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG