Достапни линкови

Претседателот на Србија се среќава со лидерите на ЕУ


Комесарот Штефан Филе на инагурацијата на Николиќ за претседател.

Комесарот Штефан Филе на инагурацијата на Николиќ за претседател.

Претседателот на Србија,Томислав Николиќ денеска во Брисел ќе разговара со лидерите на ЕУ. Ова е негова прва посета на странска држава откако стапи на должност. Николиќ ќе разговара со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпеј, со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.
Европскиот комесар за проширување Штефан Филе претходно изјави дека од новиот српски претседател очекува да продолжи со приближувањето на земјата кон ЕУ.
XS
SM
MD
LG