Достапни линкови

Египет- воената хунта ја засилува својата моќ


Египетското Министерство за правда им дозволи на воената полиција и на припадниците на разузнавачките служби да апсат цивили. Тоа ги зголемува стравувањата дека воената хунта што владее со земјата ја засилува својата моќ. Одлуката ќе биде на сила се додека не се донесе нов устав. Армијата ќе има право да апси цивили за сомнежи за широк спектар на злосторства, меѓу кои и за „спротивставување на властите“. Правото на армијата да апси цивили заврши на 31 мај кога беа укинати неколку децении старите закони за вонредни состојби. Новата одлука се носи откако се зголемија тензиите на два дена пред вториот круг од претседателските избори во земјата.
XS
SM
MD
LG