Достапни линкови

АИ повикува Иран да ги ослободи борците за човекови права


Амнести интернешенел го повика Иран „веднаш и безусловно“, да го ослободи истакнатиот ирански адвокат за човекови права Абдолфатах Солтани. Солтани, кој заедно со добитникот на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади го основаше Центарот за човекови права во Иран, е осуден на 13 години затвор, од страна на Апелациониот суд. Амнести интернешнал вели дека Солтани под притисок морал да признае дека неговиот Центар добил сретства од странски извори за поттикнување на „меката револуција“ во Иран.
Амнести интернешенел повикува иранските власти да им овозможат на бранителите на човековите права да си ја вршат својата работа, без страв од прогон или малтретирање. Солтани кој е во затвор од 2010 година, за првпат беше осуден на 18 години затвор во март.
Организацијата исто така повика Иран да ги ослободи сите синдикалци кои се затворени поради нивниот активизам за правата на работниците. Според нивните податоци во Иран се затворени десетици активисти за работнички права во последниве години, а некои се осудени на долги затворски казни.
XS
SM
MD
LG