Достапни линкови

logo-print

Русија и САД се обвинуваат за Сирија


Руски тенк во Сирија.

Руски тенк во Сирија.

Русија и САД си разменија обвинувања во врска со насилството во Сирија. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон повторно ја обвини Русија за влошување на ситуацијата во Сирија со тоа што испрати воени хеликоптери за потребите на претседателот Башир ал Асад. Клинтон, исто така изрази разочарување што Русија ги игнорира постојаните барања да ги суспендира своите воени врски со Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ги отфрли обвинувањата за хеликоптерите, велејќи дека пратката руско оружје за Сирија е дел од претходен договор за снабдување со оружје и дека такво оружје било исклучиво за потребите на системот за воздушна одбрана.
Лавров го обвини Вашингтон дека го снабдува со „специјални сретства “региоот, што многу медиуми го сфатија како обвинување дека ги снабдуваат бунтовниците со оружје. Клинтон негира дека Вашингтон ги вооружува бунтовниците во Сирија.
XS
SM
MD
LG