Достапни линкови

Панета - САД да ги разгледаат условите за помош на Пакистан


Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета изјави дека Вашингтон треба да ги разгледа условите за помош на Пакистан. Говорејќи на расправата за буџетот во Сенатот, тој рече дека Вашингтон не треба да запре со помашта за Пакистан, но претходно треба да ги испита услови за тоа.
Тој изјави дека одлуката на Пакистан да ги затвори копнените патишта за потребите на НАТО во Авганистан, ги чинат Соединетите држави милиони долари повеќе. Пакистан се реши на таков чекор по воздушните напади на НАТО во ноември минатата година во кој беа убиени 24 пакистански војници. Во понеделникот, САД објави дека го повлекува својот тим на преговарачи од Пакистан откако не се постигна договор за повторно отварање на патиштата.
XS
SM
MD
LG