Достапни линкови

logo-print

Продолжен мандатот на шефот на ЕУЛЕКС


Шефот на ЕУЛЕКС, Гзавије де Марњак

Шефот на ЕУЛЕКС, Гзавије де Марњак

Продолжен му е мандатот на шефот на ЕУЛЕКС за четири месеци, до средината на октомври. Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон побара од шефот на ЕУЛЕКС, Гзавије де Марњак да да остане на функцијата.
„Одлучен сум да дадам се од себе и да обезбедам континуитет во овој значаен момент за мисијата. Важно е ЕУЛЕКС и косовските власти да ја продолжат заедничката соработка за подобрување на јакнење на владеењето на законот“, изјави Марњак.
Политички-безбедносниот комитет на ЕУ официјално го продолжи мандатот на шефот на мисијата на ЕУ во Косово до 14 октомври.
XS
SM
MD
LG