Достапни линкови

Груевски - Грција да сфати дека постои македонски народ


Архивска фотографија: Премиерот Груевски во посета на Штип

Архивска фотографија: Премиерот Груевски во посета на Штип

Грција треба да сфати дека во оваа држава живеат Македонци, кои го говорат македонскиот јазик и оти тоа е работа која не можат да ја променат со какви и да било уцени. Едноставно треба да избришат од својата глава дека преку било каков начин на дејствување, преку било какви уцени или било што, ќе го сменат идентитетот на македонскиот народ. Македонскиот народ постои, постоел и ќе постои, тоа е реалност што еден ден ќе мора да ја прифатат, изјави премиерот Никола Груевски на партиската трибина во Петровец.
Тој изјави дека Македонија и понатаму бара решение за спорот за името со Грција, но дека тоа треба да биде решение кое ќе биде така скроено што ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Македонија.
XS
SM
MD
LG