Достапни линкови

logo-print

„Вијести“: Неизвесен е датумот за преговори за Црна Гора


Шведска, Холандија и Франција се против почеток на преговори со Црна Гора за членство во Европската унија, иако Европската комисија во својот пролетен извештај, кој крајот на минатиот месец, оцени дека оваа балканска земја остварила напредок кој и овозможува да се искачи на повисок степен на патот кон ЕУ, пишува подгоричкиот весник „Вијести“. Повикувајќи се на повеќе дипломатски извори во Брисел и Подгорица, весникот наведува дека одредени членки на Унијата се против отварање преговори за приклучување, како и дека такво нешто во понеделникот наговестил шефот на Одделението за Црна Гора во Генералниот директорат на ЕК за проширување, Дирк Ланге.
XS
SM
MD
LG