Достапни линкови

Оптимизам во Иран за нуклеарните преговори


Али Акбар Салехи

Али Акбар Салехи

Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека разговорите меѓу Исламската република и светските сили се одвиваат во вистинска насока. Али Акбар Салехи во Техеран рече дека е оптимист за следната рунда разгвори, закажана во Москва на 18 и 19 јуни. Тема на преговорите е нуклеарната програма на Исламската република за која се стравува дека може да сае пренамени за воени цели. Изјавата на Салехи следи по забелешката на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, дека официјален Техеран е под голем притисок од Русија и Кина.
XS
SM
MD
LG