Достапни линкови

logo-print

Младите инженери добија прстени, но не и понуди за работа


Дванаесет најдобри студенти од техничките факултети од Македонија добија признание од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Дванаесет најдобри студенти од техничките факултети од Македонија добија признание од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Најдобрите студенти од техничките факултети во Македонија велат дека државата ги заборавила. Не им е понудена никаква работа по завршувањето на студиите, па нивната иднина во Македонија останува неизвесна.

Дванаесетте најдобри студенти од техничките факултети од Македонија како утеха за нивниот квалитет и успех добија само инженерски прстени од претседатлот на државата, но не и понуда за работа. За Радио Слободна Европа велат дека не очекуваат ништо од државата и оти со сопствени сили ќе се изборат за својата иднина.

Не очекуваме воопшто ништо од државата, бидејки мислам дека сме доволни спосбни самите што сме стигнале до тука да најдеме работа. Да, очекуваме на некој начин дека ние ќе бидеме тие што ќе бидат секаде бирани, и ќе ни се отворат вратите во било која фирма, но јас лично не очекував ништо од државата.
„Не очекуваме воопшто ништо од државата, бидејќи мислам дека сме доволни способни самите што сме стигнале до тука да најдеме работа. Да, очекуваме на некој начин дека ние ќе бидеме тие што ќе бидат секаде бирани и ќе ни се отворат вратите во било која фирма, но јас лично не очекував ништо од државата“, вели Бојана Котеска, дипломиран програмски инженер.

„Мене ми е доделено асистентско место, но не сум во постојан работен однос. Не ми е доделено некое конкретно работно место од страна на државата“, вели Петар Крстевски од електро факултетот во Скопје.

Дел од нив велат дека својата иднина ја гледаат во странство.

РСЕ: Ако не најдеш работа овде дали планираш во странство?
Мислам дека државата треба да работи малку повеќе на тоа прашање, особено да отвори научно истражувачки центри каде овие млади умови ќе се најдат себеси и ќе го дадат својот придонес. Јас можам да кажам од нашиот факултет, дека секоја година 10 до 15 проценти од нашите студенти одат во странство.

„Па да можеби. За мојата струка е малку тешко да најдеш добро платено работно место“, вели Теа Бошкоска од факултетот за дизајн и технологија на мебел во Скопје.

„Сметам дека државата треба да ги вработи пред се најдобрите, а потоа и секој оној што има желба. Доколку не се пронајдам ќе пробам во Германија или онаму каде што фалат инженери“, вели Ева Дункова од техничкиот факултет во Битола.

Деканот на Факултетот за електро техника и информациски технологии Миле Станковски, вели дека основен услов овие млади луѓе да се задржат во Македонија е да им се понудат услови за работа и за живеење.

„Мислам дека државата треба да работи малку повеќе на тоа прашање, особено да отвори научно истражувачки центри каде овие млади умови ќе се најдат себеси и ќе го дадат својот придонес. Јас можам да кажам од нашиот факултет, дека секоја година 10 до 15% од нашите студенти одат во странство“.

Професор Станковски вели дека мора да се создадат услови младите иднината да ја гледаат во Македонија и преку работа да придонесуваат за државата. Порачува дека треба да се учи од Хрватска која имала стратегија за враќање на своите умови кои се во странство.

И претседателот на државата во своето обраќање на доделувањето на инжинерските прстени во Охрид порача дека не смее да се дозволи постојан одлив на најуспешните студенти и оти за тоа треба да се обезбедат респектабилни институции, компании во кои младите ќе можат да ги искажат своите знаења и квалитет

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG