Достапни линкови

„Скопје креатива“ презентација на македонските креативци


Од 14 до 16 јуни, во Градски парк, ќе се одржи првиот фестивал на креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“. Во рамките на оваа манифестација публиката ќе има можност да види уникатни дизајнерски решенија на бројни македонски компании и на самостојни уметници кои создаваат производи со исклучително квалитетна уметничка и естетска вредност.

Со оглед на тоа што фестивалот е замислен како годишна презентација на авторските дела е и дел од големиот проект „Скопје креатива“ чија цел е подршка на културниот и креативниот сектор и долгорочен развој на градот, почетокот на годинешното прво издание на манифестацијата ќе биде означено со меѓународната конференција насловена како „Креативни индустрии – теорија преточена во пракса“.
Да се обидеме да им дадеме логистичка помош, подршка, да ги споиме со афирмираните и креативци и фирми и на тој начин сите заеднички, систематски да се обидеме да го подржиме овој сектор од кој секако ќе имаат бенефит и град Скопје и цела држава.
Тања Балаќ, Сектор за развој на Град Скопје.

Од таму сосема разбирливо е што сликарката Тања Балаќ, инаку раководителка на Секторот за развој на Град Скопје, вели дека на овој начин тие ќе се обидат да им дадат логистичка подршка на младите автори од кои во иднина бенефит ќе има целата држава.
Mакедонски анимиран суперхерој Македон.
Mакедонски анимиран суперхерој Македон.

„Да се обидеме да им дадеме логистичка помош, подршка, да ги споиме со афирмираните и креативци и фирми и на тој начин сите заеднички, систематски да се обидеме да го подржиме овој сектор од кој секако ќе имаат бенефит и град Скопје и цела држава“.
Македон ја спасува Македонија од напад од марсовци. Само една епизода имаме направено, а имаме сценарија за уште три. Ќе видиме како ќе го прифати публиката, па ќе продолжиме понатака.
Марко Георгиевски, сликар.

Во продолжение ќе следува ревијата на „Модна недела Македонија“ во соработка со дизајнерката Елена Спасовска и потем проектот „Интерактивна вечера за двајца“, авторско дело на Зоран Рунчев и Росица Мршиќ, кое е планирано да се одржи во архитектонски дизајнираниот простор наречен „Игло“.

Публиката ќе има можност да се запознае и со работата на македонската продукција „Фх3х“ која подолго време успешно соработува со престижните холивудски компании за визуелни ефекти, а како дел од ексклузивната програма се најавува и презентацијата на првиот македонски анимиран суперхерој Македон авторско дело на уметничката група „Планемо“.

„Македон ја спасува Македонија од напад од марсовци. Само една епизода имаме направено, а имаме сценарија за уште три. Ќе видиме како ќе го прифати публиката, па ќе продолжиме понатака“, вели Марко Георгиевски, сликар и еден од авторите на планираниот серијал.

Првото издание на фестивалот „Скопје креатива“ ќе понуди и неколку работилници како што се оние за рачна изработка на хартија и корици, пишување поезија на консумативно тесто, музичка и работилница за анимиран филм под менторство на „Анимакс студио“, за дизајн на индустриски отпад и амбалажа, а скопјани по прв пат ќе се запознаат и со дизајнерските производи од ај-ти технологијата создадени од македонските иноватори.

Воедно, посетителите ќе имаат можност да ги видат креациите на редизајниран мебел во модерен стил на Викторија Лангоска, ќе им биде отстапен и простор на студентите од Машинскиот факултет од одделот за индустриски дизајн, ќе се случи и презентацијата на идејни решенија на 12 автори предводени од „АРС АКТА“, а група млади архитекти ќе го реобмислат и визуелно ќе го исполнат некогашниот култен ресторан „Езерце“, создавајќи за момент нов урбан простор.
Кон ова само уште информацијата дека во рамките на мултимедијалните перформанси ќе се одржат и презентацијата на изработка на филигран преточена во театарско музички спектакл на Марија Милошевска и куклената претстава за деца „Муминтрол и зимата“ во изведба на „Буден театар“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG