Достапни линкови

Критики за Нетанјаху по увидот во рација од 2010 година


Критики за премиерот Бењамин Нетанјаху се наведени во извештајот од увидот на израелските власти во спроведувањето на рацијата на неколку бродови во појасот Газа, при која загинаа деветмина турски државјани во 2010 година. Во извештајот кој брои 153 страни државниот контролор Мича Лиденштраус го критикува премиерот за начинот на кој биле донесени одлуките кои довеле до инцидентот. Во документот е наведено дека „премиерот нема побарано советодавна проценка, потребна за соодветно справување со флотилата“. Инцидентот во 2010 предизвика остри реакции од меѓунаљродната заедница и ги влоши односите меѓу Израел и Турција.
XS
SM
MD
LG