Достапни линкови

СРД и ја одзема дозволата на ТВ А2


Советот за радиодиуфузија на денешната седница донесе одлука да и ја одземе дозволата за работа на Телевизија А2, според член 63 од Законот за радиодифузна дејност. СРД констатира дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија не ја прилагоди програмата согласно добиената дозвола. Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, емитува 75,68%, а повеќе од две третини се репризни изданија. Редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите покажаа сериозни остапувања во форматот на Телевизија А2, соопшти СРД.
XS
SM
MD
LG