Достапни линкови

Договор за декриминализација на клеветата и за висината на казните


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани

Здружението на новинарите на Македонија и Владата на денешната средба постигнаа договор за декриминализација на клеветата и навредата и за висината на надоместокот на нематеријална штета. Висината на надоместокот за нематеријална штета ќе биде 2.000 евра за авторот новинар, 10.000 евра за главниот уредник и 15.000 евра за сопственикот на медиумите. Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, која претседава со работната група за медиуми изрази верување дека постигнатиот договор ќе биде позитивно оценет и од страна на ЕУ. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани оцени дека станува збор за оптимален компромис за кој ќе се организираат и јавни дебати.
XS
SM
MD
LG