Достапни линкови

САД сакаат да соработуваат со Томислав Николиќ


Портпаролот на Стеј департментот Викторија Нуланд изјави дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон веднаш по инаугурацијата на новиот претседател на Србија Томислав Николиќ му честитала заа неговиот избор на таа функција. Клинтон, како што прецизира Нуланд, му пренесла на Николиќ дека Соединетите држави сакаат да соработуваат со него и оти суштински се заинтересирани Србија да го продолжи патот кон европските интеграции и кон поотворена соработка со Косово.
XS
SM
MD
LG