Достапни линкови

Ракометарите подготвени за реваншот во Австрија


Машката ракометна репрезентација ќе ја искористи предност од пет голови на реванш со Австрија, во баражот за пласман на СП што ќе одржи во Шпанија.

Машката ракометна репрезентација со предност од пет голови ќе патува на саботниот реванш со Австрија, во баражот за пласман на СП, кое во јануари ќе се одржи во Шпанија. Ова е епилогот по средбата во Скопје (изминатиот викенд), во која имавме водство и од 8 голови.
Овој резултат е голема предност, голема залиха за нас. Но, од друга страна постои една мала доза на резервираност затоа што треба да се знае дека 5 голови разлика не е толку голема разлика доколку не одиграш квалитетно.

Сепак, место да славиме и поубедлива победа, му дозволивме на противникот да се избори за поднослив пораз, што донесе неизвесност околу исполнувањето на целта - продолжување на континуитетот настапи на врвните натпреварувања. За тоа сега ќе мора да се даде максимум и во Виена, каде, според капитенот Кирил Лазаров, не смее да се повторат грешките од првиот дуел.
Претседателот Ѓорге Иванов и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров.

Претседателот Ѓорге Иванов и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров.


„Овој резултат е голема предност, голема залиха за нас. Но, од друга страна постои една мала доза на резервираност затоа што треба да се знае дека 5 голови разлика не е толку голема разлика доколку не одиграш квалитетно. Имаме доволно време за да се подготвиме, да го проанализираме мечот, сигурно дека и покрај добрите страни што ги имавме имавме доста и лоши страни. Се надевам дека ќе успееме да го увидиме тоа, во овие 3-4 дена да го подобриме и да го презентираме тоа во сабота во Виена“, изјави Лазаров.
Сигурно ќе бидат поагресивни. Гледавме во Скопје сакаат да провоцираат и публика и со нас играчите. И таму ќе го пробаат истото. Сепак, ние сме доволно искусни играчи, не треба да подлегнеме на некакви притисоци. Сега ќе ги увидиме грешките, ќе се договориме како се реагира во тие ситуации. Сигурно ќе бидеме поспремни за реваншот во Виена.

Слично размислуваат и другите репрезентативци, кои се убедени дека Австријците на свој терен и со провокации ќе се обидат да не исфрлат од колосек. Тоа, делумно, им успеа во салата „Борис Трајковски“, но нема да биде случај и на реваншот, порачува Филип Миркуловски.

„Сигурно ќе бидат поагресивни. Гледавме во Скопје сакаат да провоцираат и публика и со нас играчите. И таму ќе го пробаат истото. Сепак, ние сме доволно искусни играчи, не треба да подлегнеме на некакви притисоци. Сега ќе ги увидиме грешките, ќе се договориме како се реагира во тие ситуации. Сигурно ќе бидеме поспремни за реваншот во Виена. Треба да ја поправиме малку дисциплината во игра и мислам дека ќе немаме проблеми да ги одбраниме овие пет голови предност“, рече Миркуловски.

Tој смета дека најдобар начин за одбрана на предноста од Скопје е играта на победа и на теренот на осоколениот ривал.

„И тие гледаат своја шанса сега. Пет разлика не се ни многу ни малку. Нема да одиме да ги браниме, ќе одиме на победа и таму, па мислам дека ќе извлечеме поволен резултат и дека ќе се пласираме на СП. Македонија е поквалитетна репрезентација и доколку ги намалиме тие технички грешки што ги имавме многу во второто полувреме, мислам дека ќе победиме и во Виена“, вели Миркуловски, а Лазаров додава:

„Со една максимална сериозност и добра тактичка поставеност, ќе направиме се за да ние ракометарите, нашата ракометна Федерација, целата македонска јавност, медиумите и нашата фаланга, се радуваме заедно и уште еднаш ја израдуваме Македонија со еден пласман на големо натпреварување, како што е Светското првенство во Шпанија“.
XS
SM
MD
LG