Достапни линкови

logo-print

АИ: Европа ги загрозува животите на мигрантите


Амнести интернешенел ја обвини Европа на загрозување на животите на мигрантите. Во новиот извештај на оваа организација за човекови права се оценува дека европските влади повеќе се грижат за зајакнување на нивните граници отколку за спасување на човечките животи. Во текот на последните 10 години, како што се додава во извештајот, европските земји се повеќе воведуваат поостри мерки за спречување на миграните, особено од Африка. Тука посебно е спомната Италија која за време на ланскиот конфликт во Либија неколку пати вратила бегалци од таа земја.
XS
SM
MD
LG