Достапни линкови

logo-print

Обама популарен во Европа и Јапонија, но не во Кина и Русија


Барак Обама

Барак Обама

Барак Обама кој повторно се кандидира за претседател на Соединетите држави ужива голема популарност во Европа и Јапонија, но не и во Кина, Русија и некои муслимански земји. Ова го покажува анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар Пју. На прашањето ,,дали Обама заслужува да биде повторно избран,, најмногу потврдни одговори биле добиени во Франција скоро 92 насто. Во Русија само 27 насто одговориле потврдно. Во Соединетите држави Обама ужива популарност кај 47 насто од граѓаните, додека за неговиот противник репбликанецот Мит Ромни гласале 43 насто.
XS
SM
MD
LG