Достапни линкови

Серија напади во Ирак, над 30 загинати


Над 30 луѓе биле убиени во серијата напади врз, како што јавуваат новинските агенции, шиитски верници во Багдад и во Хила. Најмалку четири автомобили бомби експлодирале во Багдад во моментот кога пред една џамија се собирале шиитските муслимани по повод нивниот денешен празник. Станува збор за одбележувањето на годишнината од раѓањето на имамот Муса ал Кадим, правнук на пророкот Мухамед. И во Хила двата напада биле извршени со автомобили бомби.
XS
SM
MD
LG