Достапни линкови

Ципрас: ќе ја отфрлиме програмата на ММФ и на ЕУ


Лидерот на грчката левичарска радикална партија СИРИЗА, Алексис Ципрас вети дека ќе спроведе „мирна револуција“ во Грција и со тоа ќе направи програмата на Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија да останат во историјата по парламентарните избори, кои ќе се одржат в недела. Условите под кои Грција го добива меѓународниот пакет помош се толку катастрофални што мора да ги отфрлиме, рече Ципрас.
Лидерот на Сириза, која го зазеде второто место на изборите од 6 мај, нагласи дека мерките на штедење што се наметнати за да се добие помошта, ја водат Грција во пропаст.
XS
SM
MD
LG