Достапни линкови

Историска европска турнеја на Су Ќи


Про-демократската активистка во Мјанмар Аунг Сан Су Ќи денеска почнува историска европска турнеја. За време на престојот, прв во Европа по 1988 година, таа до 30 јуни ќе ги посети Швајцарија, Норвешка, Велика Британија, Ирска и Франција. Во Осло таа ќе го одржи долгоочекуваниот говор по повод добиената Нобелова награда за мир во 1991 година.
Су Ќи со години беше затворена од страна на воениот режим во Мјанмар, земјата која порано се нарекуваше Бурма, а на неодамнешните избори доби место во парламентот.
XS
SM
MD
LG