Достапни линкови

Борец за човекови права во Иран осуден на 13 години затвор


Абдолфатах Солтани

Абдолфатах Солтани

Борецот за човекови права Иранецот Абдолфатах Солтани е осуден на 13 години затвор, соопшти неговата ќерка Маеда, која живее во Германија. Пресудата била донесена пред неколку дена, а семејството дознало за тоа дури вчера.
Солтани формира организација за заштита на човековите права заедно со добитничката на Нобеловата награда за мир, Иранката Ширин Ебади. Тој беше уапсен во минатата година, а во март годинава првично беше осуден на 18 години затвор за неколку точки од обвинението, меѓу кои и за загрозување на националната безбедност.
Амнести интернешнел соопшти дека Солтани е ненасилен политички затвореник кој е уапсен само поради неговите легитимни активности како заштитник на човековите права.
XS
SM
MD
LG