Достапни линкови

logo-print

Реми на Полска и Русија, победа на Чешка


Петр Јирачек беше стрелец на првиот гол за Чешка

Петр Јирачек беше стрелец на првиот гол за Чешка

Синоќа беа одиграни натпреварите од второто коло во А групата на европското првенство во фудбал што се одржува во Полска и во Украина. Најпрвин Чешка ја победи Грција со 2:1, а потоа Полска и Русија играа нерешено 1:1.
Сега Русија има четири бода, Чешка е втора со три, Полска има 2, а Грција само еден бод. Во последното коло се среќаваат Русија-Грција и Чешка-Полска, а првите две екипи ќе се пласираат во четврфиналето.
Денеска се игра второто коло во групата Б. Се среќаваат Холандија-Германија и Данска- Португалија.
XS
SM
MD
LG