Достапни линкови

Санкции за противниците на Јеменската влада на национално единство


Советот за безбедност при Обединетите нации усвои резолуција со која се предвидуваат санкции за групи кои ќе и се противат на јеменската влада на национално единство. Советот кој брои 15 земји членки, исто така ги подржа напорите на претседателот на Јемен Абед Рабо Масоур Хади за спроведување на про-демократски реформи во земјата. Хади стапи на лидерската позиција по изборите во Фебруари, откако неговиот претходник Али Абдула Салех се соочи со немири во Јемен. Иако не е официјално назначено, се смета сдека Салех и неговите следбеници се предмет на резолуцијата на Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG