Достапни линкови

logo-print

Доживотен имунитет за азербејџанскиот претседател


Азербејџанскиот парламент им даде доживотен иминитет од кривично гонење на претседателот на државата и неговата сопруга како и имунитет од кривично гонење врз основ на било какво обвинување против претседателот додека тој е на функција. Опозиционерите во земјата често го обвинуваа претседателот Илхам Алијев и неговото семејство за злоупотреба на моќта со цел лично богатење. Законот за имунитет на шефот на државата може да му овозможи на екс-лидерот на земјата Ајаз Муталибов да се врати во Азербејџан. Тој моментално живее во Москва и е соочен со бројни кривични обвиненија.
XS
SM
MD
LG