Достапни линкови

Асанж повторно бара да не биде екстрадиран во Шведска


Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж побара од британскиот врховен суд повторно да го разгледа неговото барање да не биде екстрадиран во Шведска. Портпарол на судот потврди дека адвокатите на Асанж побарале повторно разгледување на случајот, што претставува многу невообичаен легален потег. Асанж се бори да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде се бара по обвиненија за силување. Судот претходно го одби барањето за стопирање на екстрадицијата.
XS
SM
MD
LG