Достапни линкови

Штрајк на српските адвокати


Српските адвокати започнаа еднодневен штрајк барајки подобра заштита, откако минатата недела еден познат адвокат бил физички нападнат и во очите му била фрлена солна киселина. Ненад Вукасовиќ, кој е познат по одбраната на убиецот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, бил нападнат во својата канцеларија од две лица. Полицијата води истрага за овој случај, а Вукасовиќ се наоѓа во стабилна здравствена состојба, без поголеми повреди. Српската асоцијација на адвокатите тврди дека нејзините членови имаат потреба од подобра заштита, барајќи да го имаат официјалниот статус на судиите, обвинителите и полицијата. Тоа би значело дека секој напад врз адвокат ќе доведе до строги казни за сторителите. Со денешниот штрајк се предизвика забавување на процесите во српските судници.
XS
SM
MD
LG