Достапни линкови

Музиката на Марјан Нечак доби награда на „Војдан Чернодрински“


Марјан Нечак, композитор.
Марјан Нечак, композитор.

Марјан Нечак, за музиката во претставата „Вишновата градина“ на Битолскиот народен театар, го освои највисокото признание на штотуку завршениот 47-ми македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Ова е негова шеста награда на манифестацијата во изминатава нецела декада.

Најубавата награда е кога публиката ќе ти го поздрави делото, односно она што ти со толку многу љубов и самооткажување си го работел во еден период од својот живот – вели композиторот Марјан Нечак, кој за музиката во „Вишновата градина“ на Чехов во режија на Звездана Ангеловска и изведба на Битолскиот народен театар, го доби највисокото признание на 47-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржа во Прилеп. Ова нему му е шеста награда на оваа манифестација и со тоа тој влегува во редот на најзначајните македонски автори на театарска музика.
Најважното од се е што тие награди те обврзуваат и ти даруваат на некој начин некоја мудрост, некој сплет на околности во кои ти стануваш позрел и подобар човек.
Марјан Нечак, композитор.

„Вишновата градина“ на битолски театар.
„Вишновата градина“ на битолски театар.
„Најважното од се е што тие награди те обврзуваат и ти даруваат на некој начин некоја мудрост, некој сплет на околности во кои ти стануваш позрел и подобар човек.“

Композиторот е потписник и на музиките на четири од седумте претстави во рамките на манифестацијата „Недела на Битолскиот народен театар во Скопје“ која завршува оваа среда со изведбата на третиот дел на Шекспировата „Хенри Шести“ во режија на Американецот Џон Блондел. За овој потег Нечак вели дека е полн погодок и идеја која допрва треба вистински да се развива.
Стоењето во место во својот матичен театар не е добро за никого, така да мислам дека ова е полн погодок, затоа што отидовме со сите претстави со кои мислевме дека треба да се покажеме пред скопската публика.
Марјан Нечак, композитор.

„Стоењето во место во својот матичен театар не е добро за никого, така да мислам дека ова е полн погодок, затоа што отидовме со сите претстави со кои мислевме дека треба да се покажеме пред скопската публика и мислам дека ова е еден позитивен вирус со кој сега на поинаков начин ќе одат следните проекти на кои ќе работиме. “

Роден 1976 година во Битола, Марјан Нечак е автор на музиката за бројни театарски проекти, а пишува и опери, балети, мјузикли, филмска, телевизиска, оркестарска и музика за перформанси и виртуелни изложби. Досега работел со мнозина режисери на различни театарски сцени, но како што вели, за него од големо значење биле соработките што ги имал со Владимир Милчин, Бранко Брезовац и Сташа Зуровац со кои најмногу напредувал како автор.

Токму со имињата на последниве двајца се врзани и неговите идни проекти.

„Со Бранко Брезовац ќе работиме во битолски театар. Тоа е „Травничка хроника“ на Андриќ, еден роман кој досега на ју - просторите не бил претставен како драма, понатаму „Македонска крвава свадба“ со корегорафот Сташа Зуровац, тоа ќе го работиме во Драмски татар и следната година имам еден проект, балет, исто со Зуровац, но овој пат во Германија, така да имаме полна капа и полна рака работа.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG