Достапни линкови

Затворски казна за водачите на Франкфурт мафија


Кривичниот суд во Скопје денеска им изрече затворски и условни казни на обвинетите од акцијата „Диригент“, членови на т.н. Франкфуртска мафија. За првообвинетиот Спасе Димовски судот изрече највисока казна од 13 години затвор, 11 години за петтообвинетиот Горан Манасков, а десет години затвор за второобвинетиот Томе Димовски. Другите обвинети добија до шест години затвор, како и условни казни до две години. Во тек на меѓународната полициска акција „Диригент“ во декември 2010 година беа уапсени 30 лица од Велес, Скопје и од други градови, кои беа обвинети за трговија со дрога и перење пари. Криминалната група шверцувала наркотици од Македонија кон Австрија и Германија.
XS
SM
MD
LG