Достапни линкови

Иран ќе конструира нуклеарна подморница


Високорангиран службеник во иранската морнарица вели дека Исламската република превземала првични чекори за дизајнирање на сопствена нуклеарна подморница. Адмиралот Абас Замини изјавил дека се конструира подморница способна за извршување на долгорочни операции, јави новинската агенција „Фарс“. За сега нема дополнителни детали за проектот. До сега само Соединетите американски држави, Русија, Кина и Франција успеаа да конструираат нуклеарни подморници. Властите во Индија тврдат дека работат на сличен проект.
XS
SM
MD
LG