Достапни линкови

НАТО не смее да гаѓа куќи во Авганистан


Хамид Карзаи

Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека на силите на НАТО не им е дозволено да вршат воздушни напади врз куќи на жители на Авганистан. Шефот на државата појасни дека забраната важи без исклучоци, дури и ако станува збор за дефанзивен напад за авганистански или странски војници. Карзаи рече дека ваквиот договор бил постигнат со командатнот на силите на Алијансата, Генералот Џон Ален, за време на разговорите за минатонеделниот воздушен напад во кој загинаа 18 цивили во провинцијата Логар. Се чини дека НАТО, од друга страна, поинаку го интерпретира договореното. Коалицијата смета дека не смее од воздух да напаѓа стамбени објекти, но затоа пак смее да стрела кон милитанти кои се наоѓаат во близина на живеалишта со цел да се заштити пешадијата.
XS
SM
MD
LG