Достапни линкови

МВР не ги бара Кељменди и Љоки


Откриена дрога во стан во Скопје, 11 ноември 2011.

Откриена дрога во стан во Скопје, 11 ноември 2011.

МВР не го бара Насер Кељманди кој за САД е најопасна личност од Европа. Експертите велат дека во земјата дневно се остварува профит од 2 милиони евра од продажба на дрога.

Во моментов не се бараат лица како Насер Кељменди и Мори Маљоку. Ова е одговорот на МВР на информациите што ги објави деновиве Радио Слободна Европа дека Насер Кељменди, по потеколо од Косово со пасош на Босна и Херцеговина, е на американската црна листа, оценет како еден од најопасните во Европа за Соединетите Држави и дека неговите криминални активности се протегаат низ целиот Балкан, па и во Македонија.
Многу наши државјани и луѓе од соседните држави се вклучени во организација и реализација на нарко - криминалитетот. Постојат податоци дека нарко – криминалитетот сега веќе го зазема првото место со функционирање на албанската мафија, поврзана со нарко – криминалитетот.

Според пишувањата на црногорскиот новинар Туфик Софтиќ кој дал изјава за РСЕ, малку е познато дека главната врска на Кељеменди за Македонија, за дрога и оружје, бил извесен Мори Маљоку, познат како Љоки. Тој објаснува дека Љоки моментално се наоѓа во затвор во Скопје, но Кељменди веднаш му нашол замена.
За САД, најопасна личност од Европа е Насер Кељеменди.

За САД, најопасна личност од Европа е Насер Кељеменди.


Експертите што ги консултиравме не сакаат да зборуваат конкретно за случајот со Кељменди. Според зборовите на професор Стефан Буџаковски кога станува збор за организираниот нарко криминал, за Македонија карактеристично е тоа што со гео стратегиската положба е погодно место за балканскит пат, кој ги трасира правците не само кон Европа туку и кон други континенти.
Тоа е завидна количина за оваа територија, тоа е некаде околу 2 милиони евра промет од дрога. Тоа значи дека има цели развиени мрежи, мрежи кои остваруваат нелегален профит. Во Македонија земете дека ниту една фирми, ниту сите мобилни оператори заедно не прават деневен промет од 2 милиони евра.

„Имено многу наши државјани и луѓе од соседните држави се вклучени во организација и реализација на нарко - криминалитетот. Постојат податоци дека нарко – криминалитетот сега веќе го зазема првото место со функционирање на албанската мафија, поврзана со нарко – криминалитетот.“

Во земјава во последно време бројот на нарко зависници достигна загрижувачки димензии. Моментално се регистрирани 18 илјади зависници, но се смета дека бројката е многу поголема и оти дневно според неофицијални податоци се троши 40 килограми хероин. Во Македонија килограм хероин е 50 илјади евра, а тоа значи дека се остварува промет од два милиони евра дневно со дрога.

„Тоа е завидна количина за оваа територија, тоа е некаде околу 2 милиони евра промет од дрога. Тоа значи дека има цели развиени мрежи, мрежи кои остваруваат нелегален профит. Во Македонија земете дека ниту една фирми, ниту сите мобилни оператори заедно не прават деневен промет од 2 милиони евра“, наведува професор Владимир Пивоваров.

За пресметките со нарко мафијата зборуваат акциите кои во текот на годината ги организра МВР. Но во најголмиот дел случаи се запленува минимално количество во споредба со дрогата која и натаму останува на улиците. Дека нарко криминалот го нагризува општеството зборува и податокот дека има лабартории кои произведуваат вакви психотропни супстанции во Македонија.

Пивоваров наведува дека нарко мрежата фукцинира на принцип на алки и дека тогаш кога една алка ќе се скине, многу е тешко да се дојде до организаторот. Професор Буџаковски, вели дека едно од оружјата на нарко криминалот се и митото и корупцијата, а тоа значи дека имаат добри врски меѓу политичарите, судиите и полицајците.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG