Достапни линкови

Самарас против Ципрас, судир на генерации


Грчките политички лидери кај претседателот Каролос Папуљас, мај 2012.

Грчките политички лидери кај претседателот Каролос Папуљас, мај 2012.

Двајцата главни кандидати во грчката изборна битка на 17 јуни, 61 годишниот конзервативец Андонис Самарас и 37 годишниот левичар Алексис Ципрас многу се разликуваат, не само по годините. Но, она што им е заедничко, според познавачите, е нивната тврдоглавост.

Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас своевремено беше еден од најмладите политичари избрани во парламентот, но неговата ѕвезда набрзо го загуби сјајот што доведе и до паѓање на тогашната влада.

Неговиот ривал Алексис Ципрас, шеф на радикалната левичарска Сириза која го освои второто место на изборите на 6 мај, е доволно млад да му биде син на Самарас, но веќе има дводецениско политичко искуство.

Тој уште како ученик ги организирал протестите против реформите во образованието. Инженер по струка, Ципрас сепак поголемиот дел од животот е во партијата Сириза, претходно позната како Синаписмос.

Андонис Самарас

Андонис Самарас


Тој е роден во 1974 година, судбоносна година за Грција кога падна седумгодишната воена диктатура на што му претходеше крвавото растурање на студентското востание.

За разлика од Ципрас кој израсна во работничко предградие на Атина, Самарас потекнува од познато грчко семејство и има дипломи по економија и бизнис менаџмент од Харвард.

Неговите предци беа богати грчки трговци од Александрија, додека неговата прабаба Пенелопе Делта една од најсаканите писателки во земјата.

Тој политички стана познат пред 20 години како шеф на дипломатијата и тоа во почетокот на грчката горчлива дипломатска криза со соседната Македонија. Самарас се залагаше за цврста позиција против новата независна држава.

Токму на ова прашање Самарас се судри со тогашниот премиер Константин Мицотакис што предизвика паѓање на владата.
За разлика од Ципрас кој израсна во работничко предградие на Атина, Самарас потекнува од познато грчко семејство и има дипломи по економија и бизнис менаџмент од Харвард.


Иронично, тој им се врати на конзервативците во 2009 година кога и нанесува пораз на керќа му на Мицотакис во трката за местото шеф на партијата.

Но, ако Самарас и Ципрас имаат нешто заедничко, тогаш тоа е нивната тврдоглавост. Самарас во 2010 одби да го прифати првиот спасувачки пакет од ЕУ и ММФ. Тоа го стори подоцна, но со предуслови.

Слично на него и Ципрас бара предуслови или во спротивно, како што вели, планот за штедење на кој инсистира Германија ќе ја загрози целата еврозона.

Алексис Ципрас во Берлин 22.мај 2012.

Алексис Ципрас во Берлин 22.мај 2012.


,,Во животот не постои нешто како мала бременост, исто како што не постои нешто како мал договор за спасувачки пакет. Ние ќе бараме друго решение, а не оваа погрешна катастрофална политика.,,

вели Ципрас, наведувајќи дека не е против еврото, како што впрочем неодамна го обвини Самарас.

,,Ципрас со неговата осуда на договорот за пакетот за извлекување бара нешто сосема различно што ќе ја изолира Грција од сите. Тој бара од мене излегување на Грција од еврото, а јас тоа нема да го сторам.,,

Паријата на Ципрас во март судски побара оштета од милион евра од германскиот весник Билд, затоа што го опишал Ципрас како полукриминалец кој отворено ги поддржува насилничките анархисти. ,,Дали овие радикали наскоро ќе владеат во Грција,, прашува Билд.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG