Достапни линкови

Ризичен натпревар меѓу Полска - Русија


Властите во Полска не соопштуваат колку полицајци ќе се грижат за редот и мирот околу натпреварот Полска Русија

Полските власти соопштија дека готовноста на безбеносните сили е подигната пред вечерашниот високо ризичен меч меѓу Полска и Русија на ЕП во Варшава.
За овој натпревар од А групата карти имаат купено околу 30 илјади пољаци и 10 илјади руси.
Властите не соопштија колку полицајци ќе бидат ангажирани за одржување на редот.
Полска и Русија со векови имаат комплицирани односи кои кулминираа и со советската доминација врз Полска по Втората Светска Војна.
Во рамките на групата А на Европското Првенство денеска ќе играат и Чешка и Грција.

полицијата ги одвојува руските и украинските навивачи
полицијата ги одвојува руските и украинските навивачи

УЕФА претходно ги повика надлежните во Полска и Украина повеќе да се потрудат за спечување на инциденти на расна дискриминација.

Во писмото до градоначалниците на градовите каде се играат натпреварите на „Еуро 2012“ европската организација бара превземање на дополнителни мерки со цел спречување на расистичко однесување на отворените тренингзи како и засилување на полициското присуство.
Апелот следи по поплаката на тренерот на холандската репрезентација, кој тврди дека група навивачи вреѓале двајца холандски фудбалери со афро-американско потекло
XS
SM
MD
LG