Достапни линкови

logo-print

Безбедноста на високо ниво пред мечот Полска - Русија


Полските власти соопштија дека готовноста на безбеносните сили е подигната пред вечерашниот високо ризичен меч меѓу Полска и Русија на ЕП во Вроцлав. За овој натпревар од А групата карти имаат купено околу 30 илјади пољаци и 10 илјади руси. Властите не соопштија колку полицајци ќе бидат ангажирани за одржување на редот. Полска и Русија со векови имаат комплицирани односи кои кулминираа и со советската доминација врз Полска по Втората Светска Војна. Во рамките на групата А на Европското Првенство денеска ќе играат и Чешка и Грција.
XS
SM
MD
LG