Достапни линкови

Опозицијата ќе протестира во Москва


Руската опозиција денеска ќе организира нов протест против претседателот Владимир Путин, насловен Марш на милионите. До протестот доаѓа еден ден откако полицијата изврши упад во становите на главните опозициски претставници.
Во меѓувреме Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој стапуваат во сила новите драконски мерки против учесниците во протести кои водат кон насилства.
САД изразија загриженост дека со ова се прави притисок врз руската опозиција.
XS
SM
MD
LG