Достапни линкови

logo-print

Кофи Анан загрижен поради насилствата во Сирија


Меѓународниот мировен претставник Кофи Анан изјави дека е многу загрижен во врска со зголемувањето на насилствата во Сирија. Анан наведе дека владините безбедносни сили користат тешко оружје за напади врз бунтовниците. Вчера агенциите јавија дека 100 луѓе биле убиени, најмногу во областите во централниот дел. Во Вашингтон, Стејт Департментот изрази длабока загриженост околу извештаите дека режимот на Башар ал Асад спроведува масакар во ал Хафах и во градовите Дара, Хомс и Хама.
XS
SM
MD
LG